САКО ТРЕЈД
 
 
ОПШТО за КОНДОМИТЕ !!!

ЗОШТО СЕ КОРИСТАТ КОНДОМИТЕ?
Кондомите се користат со векови уште од 3000 година п.н.е. како заштита од несакана бременост и сексуално преносливи болести (на пр. хламидија, сифилис, гонореа и др.). Денес кондомите играат важна улога во превенцијата на ширењето на ХИВ инфекцијата. Како вид на контрацепција кондомите се: широко достапни, за нив не е потребен рецепт или посета на лекар и се едноставни за употреба.

КАКО КОНДОМИТЕ ШТИТАТ ОД СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ?
Кондомот делува како бариера или зид кој не дозволува крвта, семената течност или вагиналниот флуид да преминат од едниот на другиот партнер во текот на сексуалниот однос (овие течности можат да содржат микроорганизми како, на пример, ХИВ (вирусот што ја предизвикува СИДА-та).  Доколку не се користи кондом микроорганизмите можат лесно да преминат од едниот на другиот партнер.

КОЛКАВА Е ГОЛЕМИНАТА НА КОНДОМИТЕ?
Кондомите што ги задоволуваат светските стандарди можат да бидат истегнати во должина од околу 154 см и да соберат околу две литри вода. Ако се користат правилно тие одговараат на секој пенис независно од неговите димензии. Ако кондомот изгледа премал тоа е обично затоа што е намотан. Користен правилно, кондомот е високо ефикасен во превенцијата на бременоста и СПБ.

 

НЕШТО ЗА "НЕУСПЕСИТЕ НА КОНДОМИТЕ" !
Евентуалните "неуспеси" на кондомите се должат на нивната неправилна употреба. Затоа, за поголема сигурност за правилно користење, се препорачува читање на упатството за употреба и вежбање на нивно вадење од опаковката и навлекување.

Важно е користење на клинички тестирани кондоми, кои фабрички ригорозно се проверуваат и електронски се тестираат. На тој начин фабрички се утврдуваат евентуално слабите места на кондомот поради што тој се отстранува.

ДАЛИ КОНДОМИТЕ ГО НАМАЛУВААТ СЕКСУАЛНОТО ЗАДОВОЛСТВО?
Кондомите се многу тенки и воспоставената навика за нивно користење ги прави составен дел од сексуалниот живот и не  го намалуваат задоволството.

ДАЛИ УПОТРЕБАТА НА КОНДОМИТЕ Е ГАРАНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ?
Не. Не постои апсолутна гаранција за заштита од сексуално преносливи болести дури и тогаш кога се користи кондом. Сепак, најголемиот број експерти во светот тврдат дека ризикот за ХИВ инфекција или други сексуално преносливи болести може да биде максимално намален доколку кондомот се користи правилно.
Со други зборови: сексот со кондом не е апсолутно "сигурен секс" но, е минимално "ризичен секс".

ОСНОВНИ НЕШТА ЗА КОНДОМИТЕ!

  • Одбери кондом за заштита од инфекции
  • Чувај го правилно
  • Користи нов кондом при секој нов сексуален однос
  • Користи го кондомот правилно од почетокот до крајот.

 (Разгледај ги упатствата за користење на кондом)

| | | |
Acvilla Corporation @ 2009 | Web design | Hosting solution